Шпионскиот трилер „Црната торба“ на Стинен Содерберг во кој главните улоги ги толкуваат Мајкл Фасбиндер и Кејт Балншет ќе ја има светската премиера на 14 март.

Филмот на Содерберг е преполн со ѕвезди во холивудската А листа, а во него играат и Пирс Броснан, Наоми Харис, Мариса Абела и Том Бурк.

Филмот е шпионска сторија за британски тајни агенти, преполн со заплети и пресврти според традиционалните форми на жанрот поставени од Алфред Хичкок.

Сценариото е на Девид Коеп кој по трет пат сорбаотува со Содерберг. Филмот за кој се очекува да биде хит на кино благајните добива одлична критика од филмските професионалци.

 

Слични новости