
Шпионскиот трилер „Црната торба“ на Стинен Содерберг во кој главните улоги ги толкуваат Мајкл Фасбиндер и Кејт Балншет ќе ја има светската премиера на 14 март.
Филмот на Содерберг е преполн со ѕвезди во холивудската А листа, а во него играат и Пирс Броснан, Наоми Харис, Мариса Абела и Том Бурк.
Филмот е шпионска сторија за британски тајни агенти, преполн со заплети и пресврти според традиционалните форми на жанрот поставени од Алфред Хичкок.
Сценариото е на Девид Коеп кој по трет пат сорбаотува со Содерберг. Филмот за кој се очекува да биде хит на кино благајните добива одлична критика од филмските професионалци.
Слични новости
ИМАКС кината забележуваат зголемена добивка во последниот квартал
Најголем подем ИМАКС има на кинескиот пазар каде што добивката ја има зголемено од 66 милиони долари во 2023, на 130 милиони во 2024.
Недела на модата во Велика Британија
Модната индустрија во Британија е значаен дел од британската економија бидејќи годишно генерира близу 30 милијарди фунти, а во неа се вработени околу 800 000 луѓе.
Кинескиот блокбастер „Nezha 2“ стана анимиран филм со најголема заработка во историјата
„Nezha 2“ досега има заработено вкупно 12,3 милијарди јуани или околу 1,69 милијарди долари, вклучително и претпродажба и заработка во странство