Шпионскиот трилер „Црната торба“ на Стинен Содерберг во кој главните улоги ги толкуваат Мајкл Фасбиндер и Кејт Балншет ќе ја има светската премиера на 14 март.

Филмот на Содерберг е преполн со ѕвезди во холивудската А листа, а во него играат и Пирс Броснан, Наоми Харис, Мариса Абела и Том Бурк.

Филмот е шпионска сторија за британски тајни агенти, преполн со заплети и пресврти според традиционалните форми на жанрот поставени од Алфред Хичкок.

Сценариото е на Девид Коеп кој по трет пат сорбаотува со Содерберг. Филмот за кој се очекува да биде хит на кино благајните добива одлична критика од филмските професионалци.

 

Слични новости

Марти Скорцесе подготвува нов мафијашки филм во стилот на Дипартед

Марти Скорцесе подготвува нов мафијашки филм во стилот на Дипартед

Легендарниот режисер Марти Скорцесе собра импресивна актерска екипа за неговиот нов мафијашки филм. Во новиот филм на Скорцесе ќе играат големите холивудски ѕвезди Леонардо ДиКаприо, Двејн Џонсон и Емили Блант.