Гувернерот на Народната банка Трајко Славески, на Конференцијата за европска економска интеграција (CEEI 2025) – Финансисакта иднина на ЈИЕ: финансирање на растот и иновациите, во организација на Народната банка на Австрија, којашто се одржува во Виена, истакна дека финтек-иновациите значително го олеснуваат пристапот до финансии за граѓаните и за малите и средните претпријатија, ја намалуваат цената на трансакциите и поттикнуваат развој на нови дигитални услуги.

Народната банка веќе создаде платформа за поддршка на финтек-инвестициите, Портата за иновации и Работна група за финтек, како и Стратегија за периодот 2023 – 2027 година, со цел да овозможи поддршка за иновативните компании и компаниите во зародиш (стартап). Законот за платежни услуги и платни системи е усогласен со рамката на ЕУ, овозможувајќи поефикасни и поевтини плаќања и лиценцирање на пет платежни институции и три даватели на електронски пари досега.

 

Гувернерот Славески посочи дека македонските банки активно инвестираат во дигитализацијата, вклучувајќи биометриска идентификација, технологии во облак и вештачка интелигенција, а соработката со финтек-компаниите расте. Народната банка работи и на регулативни мерки за заштита од онлајн измами и од злоупотреба на личните податоци, како и на подигање на финансиската и дигиталната писменост.

Гувернерот истакна дека довербата во домашната валута е клучот за развојот на локалните пазари на капитал, додека регионалната интеграција и приближувањето кон ЕУ и еврозоната може да донесат пониски трошоци за финансирање, поголема доверба и зголемени инвестиции.

Народната банка и во иднина ќе ги поддржува иновациите во финансискиот сектор, обезбедувајќи стабилност и услови за одржлив економски раст.

globe

Слични новости

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот постигнат од Нетфликс за купување на Ворнер Брос. Дискавери „може да биде проблем“ поради големината на комбинираниот пазарен удел