Министерството за животна средина и просторно планирање вели дека големите количини пластичен отпад во реката Вардар се резултат на слабите комунални услуги, особено во руралните средини.
Оттаму наведуваат дека присуството на диви депонии на јавни површини претставува сериозен проблем за кој се одговорни локалните самоуправи и општинските инспекциски служби.
Од Министерството информираат дека заедно со Државниот инспекторат за животна средина работат на подготовка на измени на Законот за инспекциски надзор во животната средина.
Целта е воспоставување единствен систем на контрола што ќе обезбеди поефикасен надзор и подобра заштита на реките и водните текови.
Фотографии и видеа објавени во медиумите покажуваат дека поради обилните врнежи и зголемениот водостој, илјадници пластични шишиња и отпад се слеале по текот на Вардар, најмногу во Тетово и Скопје.
Слични новости
Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови
Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција
Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?
Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска
СДСМ: Конгресот на децата на Орбан
Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски


