Бокс офисот во Америка заработи само 56 милиони долари во текот на неделата на Оскарите, што е најслаб резултат во изминатите неколку декади. Главна причина за овој феномен е што повеќето филмови кои беа номинирани за Оскар публиката може да ги гледа од дома на некоја од стриминг платформите.

И натаму прв на Бокс офисот е филмот „Капетан Америка: Храбриот нов свет“ кој неделава заработи 15 милиони долари на Бокс офисот во САД и досега има заработено 163 милиони долари во Америка и 342 милиони долари глобално.

Единствен нов филм што се појави во кината е трилерот „Последниот здив“, кој заработи 7,8 милиони долари. Во филмот играат Вуди Харелсон, Симу Лиу, Фин Кол и Клиф Куртис. Режисер на филмот е Алекс Паркинсон, кој е и косценарист на филмот.

Слични новости

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд?

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд?

Промената на продуцентската куќа предизвика бран шпекулации меѓу обожавателите на франшизата Џејмс Бонд, а актери како Џејмс Нортон, Арон Тејлор-Џонсон и Идрис Елба често се споменуваат како водечки кандидати