Утрово Скопје се гуши во загаден воздух.  Според мерењата на швајцарската апликација Ај Кју Ер загаденоста на воздухот утрово во главниот град е со коефициент 102 и во категоријата нездрав.

На светската листа на најзагадени градови во светот Скопје се најде на 26 место. Позагаден главен град во регионот е само Сараево во Босна и Херцеговина кој пак ја зазеде првата позиција на неславната листа.

Од другите градови во земјава од Скопје позагаден е само Струмица со коефициент на загадување од 226. Според мерењата направени утрово во воздухот се регистрирани 35,9 микрограми на метар кубен ПМ2,5 честички и 2,9 микрограми јаглерод моноксид.

 

Здравствените власти апелираат особено до ранливите категории граѓани поголем дел од денот да го поминуваат во затворени простории особено онаму каде што има прочистувачи на воздухот и да се избегнува подолг престој на отворен простор.

 

Слични новости

САД бараат од Украина повлекување од Доњецк доколку сака мир

САД бараат од Украина повлекување од Доњецк доколку сака мир

Американските мировни преговарачи ѝ кажаа на Украина на разговорите во Берлин дека мора да се согласи да ги повлече своите сили од источен Донецк како дел од каков било договор за ставање крај на речиси четиригодишната војна, изјави функционер запознаен со ова прашање.

САД и Македонија се согласни дека транспарентни институции и силни економии се основа на успешна демократија

САД и Македонија се согласни дека транспарентни институции и силни економии се основа на успешна демократија

. Сакам да ја поздравам соработката меѓу САД и Македонија во зајакнување на инстуциите, промовирање на економската соработка, и испорачување резултати за граѓаните, порача американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер