Утрово Скопје се гуши во загаден воздух. Според мерењата на швајцарската апликација Ај Кју Ер загаденоста на воздухот утрово во главниот град е со коефициент 102 и во категоријата нездрав.
На светската листа на најзагадени градови во светот Скопје се најде на 26 место. Позагаден главен град во регионот е само Сараево во Босна и Херцеговина кој пак ја зазеде првата позиција на неславната листа.
Од другите градови во земјава од Скопје позагаден е само Струмица со коефициент на загадување од 226. Според мерењата направени утрово во воздухот се регистрирани 35,9 микрограми на метар кубен ПМ2,5 честички и 2,9 микрограми јаглерод моноксид.
Здравствените власти апелираат особено до ранливите категории граѓани поголем дел од денот да го поминуваат во затворени простории особено онаму каде што има прочистувачи на воздухот и да се избегнува подолг престој на отворен простор.
Слични новости
Две лица опфатени со истрагата за свирепо убиство на жена во Гостивар
Осомничениот и осомничената, како соизвршители, во гостиварско Неготино, на свиреп начин ја лишиле од живот Хава Азизи од селото Здуње
САД го прогласија венецуелскиот режим за странска терористичка организација
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник објави дека режимот на венецуелскиот претседател Николас Мадуро е прогласен за странска терористичка организација и нареди целосна блокада на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела
Тренчевска и Трајановски се нови потпретседатели на СДСМ, избрани и нови членови на ИО
Јована Тренчевска и Александар Трајановски се избрани за потпретседатели на СДСМ на седницата на Централниот одбор на СДСМ во вторникот вечерта.


