Скопјани повторно добија вода. Дефектот е целосно саниран, а замената на 5-те затврачи на системот за водоснабдување е завршена.
По само неколку часа без вода, проблемот е решен, дури и побрзо од она што се планираше, изјави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.
Екипите на Водовод излегоа на терен уште раноти изутрината. Беа ангажирани 160 луѓе на работа на цевководите, плус уште 150 луѓе административна поддршка.
Со активностите за санација, но и со модернизацијата на главниот градски водовод, се решава деценискиот проблем со слабиот притисок на одредени локации, како и честото пукање на цевки, кои создаваа огромни загуби на вода.
за да се санира дефектот неопходно беше да се затвори главната водоводна цевка, со што најголем број од скопските општини неколку часа останаа без вода.
Слични новости
Очекувам во јануари банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата до компаниите, вели Мицкоски за унгарскиот заем
Премиерот нагласи дека, иако дел од банките и сега ги промовираат, очекува веќе по Новогодишните празници банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата до компаниите коишто ќе ги користат
Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи
Мониторингот опфати девет клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање
Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат
Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат, вели министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.