Кинескиот производител на електрични автомобили BYD објави остар раст на приходите и профитот во 2024 година, при што продажбата на целосно електрични и хибридни возила скокнала за повеќе од 40 проценти.
Приходите на BYD се зголемија за 29 отсто минатата година на 777,1 милијарди јуани (107 милијарди долари), објави компанијата во понеделникот.
Скокот на приходите следи по стабилното зголемување на продажбата, на 4,25 милиони автомобили, вклучувајќи 1,76 милиони целосно електрични. Годинава очекуваат да продадат од пет до шест милиони.

Нивната нето добивка се зголеми за 34 отсто минатата година, на 40,3 милијарди јуани (5,6 милијарди долари).
Компанијата има полза од силната побарувачка во нејзината матична земја Кина и слабата странска конкуренција, која е попречена од трошоците и подолгиот период на развој на возила. Во такви услови, BYD ја престигна лидерската позиција на пазарот од германски „Volkswagen“ во 2023 година.
Во 2024 година, американска „Tesla“ за малку го надмина BYD во глобалната продажба на целосно електрични возила, со 1,79 милиони продадени. Во однос на приходите, заостанува зад кинескиот гигант за приближно 100 милиони долари.
BYD, исто така, произведува батериски системи за складирање на електрична енергија, а неодамна воведе систем за полнење кој им овозможува на неговите автомобили да полнат батерија со автономија од 400 километри за само пет минути.
Само од почетокот на годината, акциите на BYD поскапеа за околу 50 отсто на берзата во Хонгконг.
Слични новости
Британските автомобилски компании бараат поддршка од владата поради царините на Трамп
Британските автомобилски компании бараат поддршка од владата, бидејќи се помали се шансите дека може да се постигне договор со американскиот претседател Доналд Трамп за царините кои сака да им ги воведе на европските држави, пренесе Би Би Си.
Три големи корејски компании прават подготовки за враќање на рускиот пазар
Три големи глобални компании „Хиндаи мотор груп“, „Самсунг електроникс“ и „ЛГ електроникс“, ја разгледуваат можноста за нивно браќање на рускиот пазар по најавите дека ќе бидат ублажени санкциите кон Русија, пишува Кореја тајмс.
Цените на нафтата паднаа кон 73 долари
Цените на нафтата паднаа во петокот на меѓународните пазари до 73 долари бидејќи расположението на инвеститорите беше обележано со најавите за американски царини