Акциите во САД пораснаа откако претседателот Доналд Трамп ги повлече новите европски тарифи, велејќи дека е постигнат прелиминарен договор за Гренланд.

Акциите веќе растеа откако претседателот претходно во говорот на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, изјави дека нема да употреби сила за да го преземе Гренланд.

Индустрискиот просек Dow Jones порасна за 588,64 поени, или 1,21%, завршувајќи на 49.007,23. S&P 500 порасна за 1,16% и затвори на 6.875,62, додека Nasdaq Composite напредуваше за 1,18% и затвори на 23.224,82. 

И покрај скокот на акциите на Волстрит, водечките берзи во Америка неделава се во минус поради падовите предизвикани од геополитичките тензии.

Слични новости

Историски рекорд: Илон Маск стана првиот човек со богатство преку 800 милијарди долари

Американскиот бизнисмен Илон Маск стана прв човек во историјата чие богатство надминува 800 милијарди долари откако неговата фирма Спејс Икс ја купи неговата компанија за вештачка интелигенција ХАИ.