Сценарист и режисер на новиот „Егзорцист“ е Мајк Фланаган, а продукцијата на филмот е на студијата Блумхаус и Универзал. Ова е нов обид за оживување на франшизата која стана славна со првиот „Егзорцист“ од 1973 со Макс фон Сидов за кој филмот доби дури 10 номинации за Оскар.

Мајк Фланаган изјави дека „Егзорцист“ е една од причините поради кои тој станал режисер и дека му е голема чест да се обиде да ја оживее франшизата врз истата приказна за девојче кое е опседнато со ѓаволот, но со свежи идеи.

Претходно во 2023 Универзал се обиде да ја оживее франшизата со филмот „Егзорцист верувач“ но со слаб успех на Бокс Офисот.

 

Слични новости

Почина  американски архитект Френк Гери

Почина американски архитект Френк Гери

Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година