По четири години кога за последен пат играше во филм со стрип јунаците на Марвел Скарлет Јохансон е на чекор да се врати во Готам. Како што известуваат холивудските медиуми, таа е во завршни преговори за да игра во Бетмен 2, секвелот на хитот на Мат Ривс од 2021.

Проектот ќе започне со продукција идната година, а пред тоа Скарлет Јохансон ќе игра во новиот „Егзорцист“ хорор франшиза која доживеа огромен успех во 1973 кога имаше дури 10 номинации за Оскар.

Во секвелот на Бетмен ликот на Брус Вејн повторно ќе го игра Роберт Патинсон, а сценариото е на Метсон Томлин и Мат Ривс. Зад проектот застнаа студијата Ди Си и Ворнер Брос. Бетмен од 2021 заработи солидни 770 милиони долари на Бокс Офисот.

Слични новости

Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост

Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост

Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија

Почина  американски архитект Френк Гери

Почина американски архитект Френк Гери

Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година