Цените на златото и среброто имаа експлозивен старт на новата трговска недела, искачувајќи се на историски рекордни нивоа, во услови на нагло зголемена глобална несигурност.
Комбинацијата од политички притисоци врз Федерални резерви, можни нови намалувања на каматните стапки во САД и ескалација на геополитичките тензии, особено на Блискиот Исток, ги турна инвеститорите кон класичните „безбедни засолништа“.
Во раното тргување во САД, златото за испорака во февруари скокна за речиси 100 долари и се искачи над 4.600 долари за унца, додека среброто направи уште поостар потег, надминувајќи ја границата од 90 долари за унца за првпат во историјата.
Слични новости
Цените на нафтата и гасот во режим на паника
Цената на нафтата Брент денеска се покачи за 4,79 насто на 96,3 долаи по барел, а сировата нафта скокна за 4,29 насто на 91 долар за барел. Експертите сметаат дека цените на енергентите на берзите и натаму се во режим на паника.
Почна дводневниот штрајк на пилотите на Луфтханза
Во германската авиокомпанија Луфтханза денеска започна дводневен штрајк на пилотите кој би можел да добведе до околу 300 откажувања на летови дневно
Индексите на европските берзи во пад
Индексот на Франкфуртската берза денеска во 10 часот падна за 0,91 насто, францускиот ЦАЦ 40 падна за 0,64 насто, а лондонскиот ФТСЕ за 0,72 насто.


