Во италијанскиот фудбал владее тотален хаос, пишуваат спортските медиуми во Италија, што како последица носи негогашниот светски шампион да пропушта три светски првенства по ред.

Пред 20-ина дена беше доведен легендарниот Паоло Малдини како спасител и му беше дадена функцијата технички директор на Фудбалскиот сојуз на Италија.

Малдини сакаше да ги доведе на селекторската функција Пеп Гвардиола или Карло Анчелоти, па откако доби негативни одговори, се договори со Андреа Пирло.

Пирло мораше да се повлече под политички притисоци, а сега од функцијата како реакција на тоа се повлекува и Паоло Малдини што е голем скандал. Италијанските медиуми објавуваат дека главен кандидат за наследник на Малдини е Џорџо Киелини.

Слични новости

Српскиот фудбалер Филип Костиќ стана играч на ПСВ од Ајндховен

Српскиот фудбалер Филип Костиќ стана играч на ПСВ од Ајндховен

Српскиот репрезентативец Филип Костиќ стана играч на холандскиот клуб ПСВ Ајндховен со кого потпиша договор до јуни 2028 година. Костиќ изјави дека откако уследила поканата да игра за холандскиот шампион немал никаква дилема и дека се чувствува пресреќно.