Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина Лионел Скалони ја прифати понудата на фудбалскиот сојуз на Аргентина да ги предводи „гаучосите“ до крајот на Мундијалот во 2030-та година.

Скалони има 48 години, ја презе селекцијата на Аргентина по Мундијалот во Русија во 2018 и стана најуспешниот селектор во историјата на Аргентина.

Под негово водство Аргентина ги освои Светското првенство во Катар во 2022, две титули шампион на Јужна Америка во 2021 и 2024, а годинава ја одведе Аргентина до финалето на Светското првенство.

Слични новости

Николас Батум ја заврши кошаркарската кариера

Николас Батум ја заврши кошаркарската кариера

Францускиот кошаркар Николас Батум реши да ја заврши кариерата во 37-та година. Тој дојде во НБА лигата во дамнешната 2008-ма година, а најголемиот дел од кариерата го мина во Портланд, Шарлот и ЛА Клиперс.