За време на развоговорите со рускиот претседател Владимир Путин кој е во официјална посета на Пекинг кинескиот претседател Си Џинпинг порача дека Русија и Кина како две глобални сили мора да изградат поправеден систем на глобално управување.
Си рече дека односите меѓу Русија и Кина засновани врз заемно почитување и соработка носат предвидливост и стабилност во хаотичниот свет.
На почетокот на официјалните разговори во Големата сала на народите во Пекинг, Си го нарече Путин долгогодишен пријател, наведувајќи дека двете земји одржуваат блиски врси долги години.
Путин синоќа допатува во дводневна официјална посета на Кина, а утринава беше дочекан со почесна топовска стрелба на Тијанмен.
Слични новости
Германија не успеа да освои непостојано место во Советот за безбедност на ОН
Германија за прв пат не успеа да освои непостојано место во Советот за безбедност на ОН. Министерот за надворешни работи Јохан Вадефул ја обвини Русија, но исто така призна дека цврстата поддршка на Германија за Израел чинела гласови.
Трамп: Прекинот на огнот меѓу САД и Иран останува во сила, преговорите добро напредуваат
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека прекинот на огнот меѓу САД и Иран останува во сила и покрај неодамнешните размени на напади и додаде дека преговорите меѓу Вашингтон и Техеран се одвиваат „многу добро“.
Израел изврши напади врз Либан и покрај договорот за прекин на огнот
Израел ќе продолжи да го напаѓа Либан и нема да се повлекува од југот на оваа земја, изјави министерот за одбрана Израел Кац, откако Либан и Израел се согласија на прекин на огнот, условен од прекин на нападите од страна на Хезболах.


