За време на развоговорите со рускиот претседател Владимир Путин кој е во официјална посета на Пекинг кинескиот претседател Си Џинпинг порача дека Русија и Кина како две глобални сили мора да изградат поправеден систем на глобално управување.

Си рече дека односите меѓу Русија и Кина засновани врз заемно почитување и соработка носат предвидливост и стабилност во хаотичниот свет.

На почетокот на официјалните разговори во Големата сала на народите во Пекинг, Си го нарече Путин долгогодишен пријател, наведувајќи дека двете земји одржуваат блиски врси долги години.

Путин синоќа допатува во дводневна официјална посета на Кина, а утринава беше дочекан со почесна топовска стрелба на Тијанмен.

Слични новости

Европскиот систем за влез и излез одбил 32.000 патници

Европскиот систем за влез и излез одбил 32.000 патници

Биометрискиот систем на ЕУ одбил влез на 32.000 патници. Oдбивањата се евидентирани во повеќе земји, вклучувајќи ги Португалија, Шпанија, Франција, Италија, Германија, Грција и Холандија, од каде најмногу влегуваат патници надвор од Шенген зоната.

Вашингтон: Времето истекува за Иран

Вашингтон: Времето истекува за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека времето истекува за постигнување договор за крај на војната, во момент кога мировниот процес отежнато се одвива.