Кинескиот претседател Си Џинпинг најверојатно нема да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател следниот месец, и покрај тоа што доби лична покана од Доналд Трамп само ден на изборите, пишува Newsweek.
Амбасадорот на Кина во САД и неговата сопруга се очекува да го претставуваат Пекинг на настанот на 20. јануари, во согласност со стандардниот дипломатски протокол. На делегацијата би можеле да ѝ се придружат и други кинески претставници, но не и претседателот.
Кинеската амбасада во Вашингтон и тимот на Трамп одбиле за Reuters да ја коментираат одлуката на претседателот.
Трамп ја упати поканата до Си и покрај тоа што неодамна изјави дека има намера да воведе високи царини за кинески стоки, повеќе од 25 проценти што планира да ги воведе и на Мексико и Канада. Царините за Мексико и Канада се дизајнирани да ја запрат илегалната миграција и шверцот на фентанил во САД.
Идната портпаролка на Трамп, Керолин Левит, рече дека повикот е пример за тоа дека претседателот Трамп воспоставил отворен дијалог со лидерите на сите земји, не само со оние кои се сојузници на Америка, туку и со противници или конкуренти.
Слични новости
Русија го уапси атентаторот на генерал Кирилов
Руската Федерална служба за безбедност соопшти дека денекса е уапсен осомничениот за терористичкиот напад во кој беше убиен начелникот на руската...
На Мајот стравуваат од „десетици илјади“ можни жртви на циклонот
Три дена откако циклонот Шидо ја погоди француската прекуморска територија во Источна Африка, службите за итни случаи не регистрираа многу повреди, поради што стравуваат од најлошото
Илон Маск и неговата компанија под безбедносни проверки
Воздухопловните сили неодамна ги навеле потенцијалните безбедносни ризици како причина поради која му ускратиле на Маск безбедносен пристап на највисоко ниво