Американската војска е подготвена уште викендов да го нападне Иран, иако претседателот на Соединетите Амеерикански Држави (САД) Доналд Трамп сè уште не донел конечна одлука за одобрување на таква акција објави американската телевизија Си-Ен-Ен“.
Белата куќа е информирана дека војската би можела да биде подготвена за напад до викендот, по значителното зголемување на воздушните и поморските сили на Блискиот Исток во последните денови.
Сепак, постојат и предупредувања дека Трамп приватно презентирал аргументи за и против воена акција и ги прашал советниците и сојузниците за тоа кој би бил најдобриот тек на дејствување.
Високи претставници за национална безбедност се состанаа во Белата куќа со цел да разговараат за ситуацијата во Иран. Трамп доби дополнителни информации и од специјалниот пратеник Стив Виткоф и од неговиот зет Џаред Кушнер за нивните индиректни разговори со Иран што претходно се одржаа.
Сепак, се уште не е јасно дали Трамп ќе донесе одлука за напад на Иран до викендот.
„Тој поминува многу време размислувајќи за ова“, велат извори за „Си-Ен-Ен“.
Слични новости
Албанската влада ја укина забраната за Тикток
Албанската влада ја укина привремената забрана за Тикток, воведена пред единаесет месеци, според официјален документ на кабинетот на премиерот.
„Вашингтон пост“ отпушти повеќе од 300 новинари
Компанијата отпушти околу 30 отсто од сите свои вработени, вклучително и повеќе од 300 од околу 800 новинари во редакцијата.
Од разговорите за мир во Украина, засега само договор за размена на заробеници
Американскиот претседателски претставник Стив Виткоф изјави дека САД, Украина и Русија на разговорите во Абу Даби се согласиле да разменат 314 заробеници во „првата таква размена за пет месеци“.