Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Ница, Франција, каде ќе учествува на третата Конференција на Обединетите Нации за океанот (UNOC3). За време на конференцијата, Сиљановска-Давкова, како што информира нејзиниот Кабинет, ќе присуствува на приемот во чест на високите гости организиран од претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.
Таа ќе биде дел од церемонијата на отворање на Декадата за криосферски науки, во присуство на генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азуле, како и на презентацијата на препораките од специјалните настани на UNOC3 (Конгрес за океанска наука, Форум за сина економија и финансии, Самит за пораст на нивото на морето и крајбрежна отпорност) пред шефовите на држави и влади во „Агора Нептун“ во присуство на претседателот на Француската Република.

Претседателката ќе се обрати во рамките на третата Конференција на Обединетите Нации за океанот (UNOC3), за поддршка на спроведувањето на целта 14 за: Зачувување и одржливо користење на океаните, морињата и морските ресурси за одржлив развој.
На посебна церемонија, Сиљановска-Давкова ќе го потпише Договорот во рамки на Конвенцијата на ОН за правото на морето за зачувување и одржливо користење на морската биолошка разновидност на области надвор од националната јурисдикција (BBNJ), усвоен во Њујорк на 19 јуни 2023 година.
Слични новости
Радев: Бугарија никогаш не поставила и не нема да постави услови надвор од тој договор, надвор од преговарачката рамка и надвор од двата протоколa
Ние сакаме час поскоро се што стои во тие документи да се запази. Тоа што сакаме да го видиме е навистина запазување на човековите права. Станува збор за човекови права, чекаме трета година да се отвори процесот на присоединување и да почнат преговори со Северна Макеондиај и со промени во Уставот. Моето прашање е зошто тоа не се случува, изјави Радев, по денешната заедничка прес-конференција со претседателката на Македонијав Гордана Сиљановска – Давкова и албанскиот претседал Бајрам Бегај, кои учествува на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ
Сиљановска Давкова: Интеграцијата на регионот е неодложен геополитички и безбедносен императив за ЕУ
Во услови на драматични геополитички промени, со сè помалку мултилатерализам и сè повеќе мултиполарност, со војна на тлото на Европа – интеграцијата е неодложен геополитички и безбедносен императив за Европската унија, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова во нејзиното обраќање на собирот во Тирана
Досега 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација од Израел
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево на прес-конференција информираше за преземените активности поврзани со евакуацијата на македонските државјани од Израел