Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера имаше работен ручек со амбасадорите на земјите – членки на Европската Унија во земјава, организиран од унгарскиот амбасадор, Андраш Клајн.
Во пријателска атмосфера, како што соопшти кабинетот на претседателката, се дискутирало за актуелни домашни, регионални, европски и светски настани и процеси.
Акцентот бил ставен на македонските проблеми и препреки во евроинтеграцијата и на потребата од креативно решение за надминување на бугарско-македонскиот спор во духот на пријателството и добрососедските односи, со почитување на фундаменталните вредности и принципи на ЕУ.
Претседателката ја реафирмирала својата длабока верба, посветеност и решеност за спроведување на реформската агенда во согласност со копенхагенските критериуми, со активно партнерство со ЕУ.
Сиљановска Давкова укажала дека билатерализацијата и преседаните се реална опасност за проширувањето.
Според неа, во амбиент на воени конфликти, проширувањето на ЕУ со државите од Западен Балкан, кои природно и припаѓаат на Европа: географски, историски и културно и водат заедничка надворешна и безбедносна политика со ЕУ е од заеднички интерес и го јакнее нивниот имунитет кон заканите.
Слични новости
Мицкоски: Работиме на решение кое ќе гарантира дека ќе го изодиме патот докрај, но преговори за идентитетски прашања не доаѓаат предвид
Премеирот Христијан Мицкоски во интервју за МРТ од ЕУ самитот посветен на земјите од Западен Балкан во однос на проблемот со Бугарија истакна дека неговата дискусија во Брисел се водела од тоа дека потребно е решение кое ќе гарантира да земјата да го изоди патот докрај
Тошковски ги демантира обвинувањата на СДСМ: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
Министерот за внатрешни работи поседува видео запис на којшто јасно се гледа повреда на закон и повреда на стандардни оперативни процедури од страна на полицискиот службеник којшто бил во тој момент во рамки на граничната полиција, наведува министерот во видеото објавено на неговата фејсбук страница
Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат, вели Мицкоски
-Секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања, не му мисли добро на соседот, а уште помалку ги почитува европските вредности, вели премиерот Мицкоски во интервју за МТВ.