Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска изјави дека според информациите, што ги има од британскиот амбасадор и од Владата тврдењата дека се преговарало со Велика Британија за прифаќање мигранти во земјава се неточни.
Таа одговарајќи на новинарско прашање во врска со објавите во дел од британските медиуми дека се разговарало со македонските власти за можен прием на мигранти во земјава и во однос на резолуцијата за мигрантите до Собранието, што претходно ја најави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека ова прашање се интензивирало деновиве, а за него се зборувало уште кога се склучило стратешкото партнерство со Велика Британија.
„Ова прашање се интенвизира деновиве, инаку мислам дека за него чувме уште во време на склучувањето на Стратешкото партнерство. Колку што јас сум информирана од британскиот амбасадор и од Владата тоа не е точно. Мојот став е дека ако се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас и јас сум против нивен прием. Меѓутоа она што вие сега го кажувате резолуција, ама прашањето е за што ако ние немаме докази, бидејќи тоа што излегува во медиумите, со сета почит кон вашата професија, не мора да биде точно, рече Сиљановска Давкова по отворањето на Меѓународниот форум насловен „Глокализација 2.0: Одржлива родово-одговорна иднина”, организиран од Регионалната мрежа за родово одговорно буџетирање (GBWN).
Сметам дека секогаш кога преземате некои активности, додаде претседателката, тоа мора да се заснова на факти и докази, за да не се губи времето во креирање дополнителни поделби за прашања кои навистина го немаат одговорот.
Слични новости
Мицкоски: СДСМ ако најде еден мигрант до пролет, јас трајно ја напуштам политиката
Оставам простор до пролет Венко Филипче заедно со професорот Фрчковски, заедно со Андреј Жерновски да бараат низ Македонија и да најдат мигрант кој е дел од овој договор со Велика Британија и било каков договор којшто сме го преземале и ако најдат еден јас трајно ја напуштам политиката, изјави премеирот Христијан Мицкоски
Гордана Сиљановска Давкова: Државниот обвинител треба да е бескомпромисен борец за почитување на законите и владеењето на правото
Бескомпромисен борец за почитување на законите, заколнат борец за владеењето на правото, некој кој ќе биде отпорен на партиски и на политички влијанија и ќе претставува круна на целиот обвинителски систем е профилот на личност, кој денеска го изнесе претседателката Гордана Сиљановска Давкова
Филипче најави дека СДСМ ќе поднесе резолуција во Собранието за мигрантите – ако не биде прифатена, ќе има протести
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска најави нов институционален чекор за одбрана на земјата од, како што вели, веќе договорениот прием на мигранти во Македонија


