Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна во средата со амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Притоа, амбасадорот ја запозна претседателката со планираните активности на Мисијата во 2025 година, посочувајќи ги, како приоритетни следните области: владеење на правото, основните човекови права и социјалната кохезија, доброто управување, младинските политики и родовата еднаквост.
Претседателката го информира за новоформираните тела: Советот за безбедност, Советот за млади, Комисијата за помилување и Комисијата за доделување одликувања и признанија. Објасни дека при номинацијата, најпрво се водела од компетентноста, стручноста и интегритетот, без да ги запостави правичната и соодветна застапеност, како и половата и родовата димензија.

Исто така, таа му ја презентираше нивната досегашна успешна работа и можноста за взаемна соработка за прашања во кои веќе сме соработувале, но и во нови области.
Соговорниците се согласија дека е добро, час поскоро, измените на Изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија да се најдат на дневен ред на Собранието.
Исто така, претседателката и амбасадорот разменија ставови и се усогласија околу моделот и форматот на одбележувањето на „Осми Март – Денот на жената“.
Средбата заврши со изразена спремност за организирање заеднички активности.
Слични новости
Рокас: Тука сме со поддршка како ваши партнери од првиот миг, да се поддржуваме меѓусебе во вакви тешки мигови
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека ЕУ како партнер на Македонија е тука со поддршка и помош од првиот миг на трагедијата што се случи во Кочани, во која животот го изгубија 59 лица, а 155 се повредени
Кочани: Демолирано кафулето на сопственикот на опожарената дискотека
Група граѓани во Кочани го демолираа кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката каде во пожар загинаа 59 лица, јави дописникот на МИА.
Протест во Кочани, се бара одговорност
Граѓани кои денеска се собраа во Кочани барајќи одговорност за трагичната несреќа во која загинаа 59 лица пред општинската зграда фрлаат со јајца и бараат да излезе градоначалникот