
Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто изјави дека во студентските протести во Србија гледа обид за дестабилизација на Србија. „Гледам дека станува збор за дестабилизација на Србија и колку што разбирам тоа не се поттикнува само одвнатре, туку и однадвор“ изјави Сијарто во интервју за РТС.
Според неговите зборови интересот на Унгарија е Србија да остане стабилна. Тоа е добро и за Унгарците во Србија, но и за самата Унгарија и соработката меѓу двете земји. Тој додаде дека Будимпешта и верува на владејачката коалиција во Србија и се надева дека обидот за дестабилизација нема да успее.
Тој исто така рече дека Србија е најсилна земја На западниот Балкан и дека Унгарија верува дека е во интерес на ЕУ таа да стане нејзина членка.
Слични новости
Романското обвинителство ги приведе десничарски претседателски кандидат
Романското обвинителство во средата го приведе десничарскиот претседателски кандидат Калин Џорџеску на сослушување како дел од пошироката истрага за поништените избори, соопштија судски извори
Додик осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење дејност
На претседателот на Република Српска му се судеше од февруари 2024 година затоа што не постапил по одлуката на високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит, одговорен за почитување на мировниот договор
Во куќа во Брчко откриено 31 дете, меѓу кои и бебиња, предмет на трговија со луѓе
. Кај децата биле пронајдени хрватски пасоши, а три лица се уапсени под сомнение дека извршиле повеќе кривични дела, меѓу кои и трговија со луѓе