Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто изјави дека во студентските протести во Србија гледа обид за дестабилизација на Србија.  „Гледам дека станува збор за дестабилизација на Србија и колку што разбирам тоа не се поттикнува само одвнатре, туку и однадвор“ изјави Сијарто во интервју за РТС.

Според неговите зборови интересот на Унгарија е Србија да остане стабилна. Тоа е добро и за Унгарците во Србија, но и за самата Унгарија и соработката меѓу двете земји. Тој додаде дека Будимпешта и верува на владејачката коалиција во Србија и се надева дека обидот за дестабилизација нема да успее.

Тој исто така рече дека Србија е најсилна земја На западниот Балкан и дека Унгарија верува дека е во интерес на ЕУ таа да стане нејзина членка.

Слични новости

Руте: НАТО нема да дозволи да биде загрозен мирот во БиХ

Руте: НАТО нема да дозволи да биде загрозен мирот во БиХ

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте повика во понеделникот во Сараево кризата во Босна и Херцеговина да се смири со одговорно однесување на нејзините политичари, што не ги спречи членовите на Претседателството на БиХ да се расправаат пред него

Романија: Централното изборно тело му забрани на крајниот десничар Џорџеску да се кандидира

Романија: Централното изборно тело му забрани на крајниот десничар Џорџеску да се кандидира

Централното изборно тело на Романија во неделата му забрани на екстремно десничарскиот проруски кандидат Калин Георгеску да се кандидира на повторените претседателски избори во Романија во мај