Сообраќајот на сите државни патишта низ државата се одвива непречено и по безбедни коловози.

Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека поради врнежите од снег со слаб интензитет во Струмица, Крушево и на планинскиот превој Ѓавато, се препорачува зголемена внимателност при управување со возилата.

Екипите на ЈП „Македонија пат“ се на терен со потребната механизација и работна сила, вршејќи континуирано расчистување.

Законската обврска за поседување зимска опрема во возилата е на сила и ќе трае до 15 март 2026 година.

Слични новости

Нема одлагање на законот за пушење

Нема одлагање на законот за пушење

Законот за пушење ќе стапи на сила по неговото донесување согласно роковите. Фазноста се однесува на начинот на примена во почетниот период, при што првата фаза ќе биде со засилен надзор