Политичката криза која ја тресе Бугарија дополнително го комплицира замрзнатиот политички дијалог меѓу Софија и Скопје. Падот на владата на Жељасков и политичката неизвесност по граѓанското незадоволство, ги урнаа надежите за воспоставување на дијалог со Скопје, како што најавуваше македонската влада по нова година.

Во вакви услови прашањето со Македонија останува на маргините на интерес за Бугарија, вели за Сител бугарскиот историчар и анлитичар Димитар Атанасов. Според него најоптимистичкото сценарио е доколку во април се спроведат парламентарни избори и брзо потоа завршат преговорите за формирање на владиниот кабинет. 

Бугарија најдоцна до следната есен треба да избере и претседател на државата, но тоа нема да биде Радев, бидејќи нема право на повторен избор, објавува Сител. 

Слични новости

Граничните премини кон Грција блокирани со часови

Граничните премини кон Грција блокирани со часови

Викендов во одредените периоди повторно ќе бидат зтворени граничните премини Евзони – Богородица и Ники – Меџитлија, на македонско-грчката граница. Времето во кое не се пропуштаат возила останува исто, од 12.00-16.00 и од 18.00-22.00 часот по грчко време.

Катица Јанева условно пуштена од „Идризово“

Катица Јанева условно пуштена од „Идризово“

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби условен отпуст и на почетокот на неделата го напушти затворот „Идризово“, иако нејзината затворска казна формално трае до 2027 година.