Сириската бунтовничка коалиција во неделата објави дека работи на пренесување на власта во Сирија на преодно раководно тело со целосни извршни овластувања и дека сириските државни институции ќе бидат предводени од премиерот Мохамед Џалали додека не им бидат предадени на новите власти.

„Големата сириска револуција премина од фазата на борба за соборување на режимот на Асад во борба за заедничка изградба на Сирија што е достојна за жртвите на нејзиниот народ“, се додава во соопштението на коалицијата.

Водачот на бунтовниците Абу Мохамед ал-Голани, лиер на бунтовничките исламистички групации предводени од џихадистичката групција Хајат Тахрир ал-Шам, поранешната сириска Ал Каеда – Џебхат ан Нусра која го промени името за да биде тргната од листата територистички организации во прв ред на западните земји, сигнализирајќи ги „напорите да се обезбеди уредна транзиција“ откако бунтовниците го прогласија падот на режимот на Башар ал-Асад, најави дека сириските државни институции ќе бидат надгледувани од премиерот до предавањето на власта.

Потпишан со неговото вистинско име, Ахмед ал-Шара, изјавата на Голани им забранува на воените сили во Дамаск да се приближуваат до јавните тела и забранува пукање со оружје во воздух.

Во интервју за Al Arabiya, Џалали, кој беше назначен за премиер од Асад во септември, рече дека бил во контакт со Шара за да разговара за управувањето со земјата за време на периодот на транзиција и рече дека Сирија треба да одржи слободни избори.

Џалали рече дека останува во својот дом и дека е подготвен да го поддржи континуитетот на државното управување.

Сирискиот министер за телекомуникации Еџад ал-Катиб, во интервју за Al Arabiya , рече дека бил контактиран од претставник на бунтовниците одговорен за телекомуникациските услуги. Тие се согласија дека телекомуникациите и интернетот ќе продолжат да функционираат, рече Катиб.

„Вистинското прашање е колку оваа транзиција ќе биде уредна, и се чини сосема јасно дека Голани многу сака таа да биде уредна“, вели за Reuters Џошуа Лендис, експерт за Сирија и директор на Центарот за блискоисточни студии на Универзитетот во Оклахома.

Смета дека Голани нема да сака да се повтори хаосот што го зафати Ирак откако силите предводени од САД го соборија Садам Хусеин во 2003 година.

„Ќе треба да се обноват… ќе им требаат Европа и САД за да ги укинат санкциите“, рече Лендис.

Некои Сиријци и натаму оправдано стравува дека бунтовничката коалиција ќе наметне драконско исламистичко владеење по децениите секуларизам или ќе предизвика одмазда по основа на конфесионалната шареноликост на земјата.

Според достапните информации, Асад ја напуштил земјата. Reuters јавува дека во моментот кога бунтовниците го заземале главниот град, од аеродромот полетал патнички авион чиј транспондер престанал да пренесува сигнал веднаш по полетувањето. Не се знае кој бил во авионот, ниту што се случило со него.

globe

Слични новости

Зеленски: Единството на САД и ЕУ е неопходно за мир и запирање на Путин

Зеленски: Единството на САД и ЕУ е неопходно за мир и запирање на Путин

За праведен мир во Украина и за „запирање“ на рускиот претседател Владимир Путин, потребно е единство на САД и Европската унија, како и во рамките на самата ЕУ, изјави во четвртокот украинскиот претседател Володимир Зеленски

ХРВ: Ускратувањето вода од страна на Израел во Газа е чин на геноцид

ХРВ: Ускратувањето вода од страна на Израел во Газа е чин на геноцид

Меѓународната организација за човекови права Human Rights Watch (HRW) во извештајот во четвртокот соопшти дека Израел убил илјадници Палестинци во Газа со тоа што им го ускратил пристапот до чиста вода, што според неа правно е чин на геноцид и истребување