Сиријците се соочија со нова политичка реалност во неделата откако бунтовниците без борби го зазедоа Дамаск, ставајќи крај на долгогодишното владеење на претседателот Башар ал-Асад, кој ја напушти земјата.
Многу жители излегоа на улиците на мнозински сунитскиот Дамаск искажувајќи радост. Очевидци изјавија дека се слушаат истрели во воздух од радост на крајот на повеќе од 50-годишното владеење на семејството Асад.
Сепак, многумина внатре и надвор од Сирија се загрижени за тоа што следува. Не е јасно кој ќе владее со поделената земја во иднина и дали Сирија на крајот ќе го најде својот пат кон демократијата. Некои Сиријци и натаму оправдано стравува дека бунтовничката коалиција ќе наметне драконско исламистичко владеење по децениите секуларизам или ќе предизвика одмазда по основа на конфесионалната шареноликост на земјата.
Таканаречените опозициски сили, всушност станува збор за исламистички сунитски групации, кои сега го контролираат Дамаск прогласија полициски час во градот од 16 часот до 5 часот наутро.
Ирак го затвори граничниот премин Ал Каим со Сирија и ја евакуираше својата амбасада. Шиитски Иран има значително политичко влијание во Ирак и бројни шиитски милиции поврзани со Иран дејствуваат во мнозински шиитскиот Ирак. Сунитските бунтовниците упаднаа во иранската амбасада во Дамаск во неделата. Телевизиската станица Al Arabiya објави видео снимка на која луѓето кинат голем постер од оградата на зградата. Но него беа прикажани моќниот ирански генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен во 2000 година во Ирак во напад на американско беспилотно летало крај ирачката престолнина Багдад, и Хасан Насрала, лидерот на либанското шиитско движење Хезболах, кој беше убиен во септември година во израелски воздушен напад во близина на Бејрут.
Заедно со Русија која во 2015 година на повик на сириската влада се вклучи во војната против тогашната Исламистичка држава и другите сунитски џихадстички групации, Иран, Хезболах и ирачките шиитски милиции беа главните сојузници на владата на Асад во борбата против џихадистите кои регрутираа истомисленици од целиот свет и бунтовничките групи поддржувани од Турција. Со нивна помош сириските владини сили ја вратија контролата врз важни делови од земјата за време на граѓанската војна, што му овозможи на Асад да остане на власт.
Откако речиси без борби ги заземаа големите градови како Алепо, Хама и Хомс за само неколку дена, бунтовниците влегоа во Дамаск во неделата, прогласија пад на режимот на Асад и „ослободување“ на главниот град. Обраќајќи им се на милионите бегалци раселени од 13-годишната војна, Командата за воени операции, сојуз на бунтовничките сили, објави: „До раселените ширум светот, ве очекува слободна Сирија“.
Асад е во Москва
И сириската армија објави дека владеењето на Асад завршило. Армиската команда ги известила владините војници дека повеќе не се во служба, дознава германската новинска агенција dpa од сириски воени извори.
Сириските бунтовници влегоа во претседателската палата во Дамаск рано во неделата извикувајќи „Алаху акбер“ (Господ е најголем), изјавија очевидци за dpa.
Асад откако договорил и наредил мирно предавање на власта со лет ноќта кон неделата заминал од Дамаск непосредно пред доаѓањето на бунтовниците. Руските новински агенции попладнето во неделата објавија дека Асад и неговото семејство се во Москва, каде што им е дозволен азил од хуманитарни причини.
„Како резултат на преговорите меѓу Башар ал-Асад и голем број учесници во вооружениот конфликт на територијата на Сириската Арапска Република, тој одлучи да ја напушти претседателската функција и ја напушти земјата, давајќи инструкции за мирно спроведување на преносот на власта“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Москва не учествуваше во внатрешните сириски преговори, поради што Асад ја донесе оваа одлука, се додава во соопштението.
Сириската граѓанска војна по повеќегодишни само спорадични судири и привидно примирје во заднината на војната на Израел со палестинки Хамас и либански Хезболах започната ланскиот октомври, ненадејно се разгоре кон крајот на ноември кога бунтовничкиот сојуз предводен од исламистичката организација Хајат Тахрир ал-Шам (HTS) ненадејно започна офанзива во северозападна Сирија и брзо ја зазеде територијата од прорежимските сили, напредувајќи кон југ и Дамаск. Хајат Тахрир ал-Шам e всушност поранешниот огранок на Ал Каеда во Сирија попознат како Џебхат (Фронот) ан-Нусра која го промени името за да настојувајќи да биде тргната од листата територистички организации во прв ред на западните земји.
Европската унија и САД брзо ја прогласија HTS за терористичка организација, поради што е нејасно колку простор за маневрирање има Западот за дипломатијата.
Според водачот на HTS, Абу Мухамед ал-Џолани, бунтовничката алијанса има намера мирно да ја преземе власта. Јавните институции во Дамаск „ќе останат под надзор на поранешниот премиер до официјалното предавање на власта“, рече тој.
Пред неколку години, САД објавија награда од десет милиони американски долари за ал-Џолани. Но, 42-годишниот милитант тврди дека сега е „умерен и сака да ја обнови Сирија“.
Бунтовниците напредуваат на североистокот
Бунтовниците потврдија дека го зазеле злогласниот затвор Седнаџу, наречен „Кланица на луѓе“. Според нивно тврдењењ во тој затвор во близина на Дамаск биле држени многу политички затвореници кои се противат на владеењето на Асад.
Граѓанската војна во Сирија трае од 2011 година, кога безбедносните сили реагираа употребија сила против насилните антивладините протести на бунтовнички движење на сунитската заедница во контекстот на таканаречената Арапска пролет во која насилно со крвави бунтови беа соборени децениските автократски власти од Либија преку Тунис, Египет и Јемен, и сега во Сирија. Речиси 14 милиони луѓе се раселени, а досега загинале 300.000 цивили, според проценките на ОН.
Бунтовничкиот сојуз напредувал во неделата и во североисточниот дел на земјата.
Во обраќањето на сириската државна телевизија, бунтовниците рекоа дека под своја контрола ги ставиле областите западно од клучниот град Деир ал-Зоор. До неодамна, областа беше контролирана од силите на сириската влада и сојузничките милиции.
Деир ал-Зоор се наоѓа на Еуфрат и на важни сообраќајни правци меѓу источниот и централниот дел на Сирија. Поголемиот дел од сириските нафтени полиња и американската воена база кои ги контролира најголемите сириски нафтоносни извори, се наоѓаат во таа област во близина на границата со Ирак.
Делови од градот сега главно се под контрола на Сириските демократски сили (SDF), кои се предводени од курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG) против кои соседна Турција изведе копнена инвазија пред повеќе години заедно со протурски милиции, сметајќи ја за терористичка сириска гранка на Реботничката партија на Курдистан (PKK) против која турската држава се бори од почетокот на 1980-те години.
Израел изврши серија напади врз Сирија
Израел во неделата изврши серија воздушни напади врз Сирија, вклучително и Дамаск, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR), чие седиште е во Лондон и беше активна непосредно пред бунтот во 2011 година.
Според SOHR, израелски воени авиони нападнале воени магацини во близина на научниот центар во близина на Дамаск и воена позиција во близина на градот. Вакви напади во Сирија врз позиции на владините сили, на иранските доброволци и на Хезболах, Израел изведуваше и изминатите тринаесет години, но освен само во неколку случаи никогаш не ги потврди овие свои акции.
Израелските воздухопловни сили претходно нападнале наводни погони за хемиско оружје во Сирија, јавуваат медиумите. Весникот The Jerusalem Post објави дека нападот бил мотивиран од загриженоста дека оружјето развиено за време на владеењето на Асад може да падне во рацете на бунтовниците. Инаку, капацитетит и магацините за развој на хемиското оружје во Сирија беа инспектирани долги години и според општоприфатено уверување залихите од ова оружје за масовно уништување се контролирано уништени со меѓународна контрола.
Слични новости
Зеленски вели дека разговарал со Макрон за можното распоредување странски војници во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата вечерта изјави дека разговарал со неговиот француски колега по должност Емануел Макрон за неговиот предлог за распоредување странски војници во Украина како „начин за постигнување стабилен мир“
Зеленски го отфрла планот на Трамп за мир во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за францускиот весник Le Parisien зборуваше за можноста за преговори со Русија за примирје во Украина и за најавите во тој контекст на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за крај на војната
Eвропската комисија предупреди на загрижувачката економска состојба во десет земји
Лошата економска ситуација во Германија и во девет други земји од Европската унија може да има негативни последици за целиот блок, предупреди во средата Европската комисија