Изборите во Сирија би можеле да се одржат за четири години, изјави во неделата новиот сириски лидер Ахмед ал-Шара, што е првпат да ја претстави временската рамка за политичкиот процес откако Башар ал-Асад беше соборен овој месец.
Подготвувањето на новиот устав може да потрае до три години, рече во интервју за саудиската државна радио и телевизија ал-Шара. Тој, исто така, рече дека ќе биде потребна околу една година за Сиријците да видат драстични промени.

Ал-Шара ја предводи групата Хајат Тахрир ал-Шам која го собори Асад на 8-ми декември, ставајќи крај на децениското владеење на неговото семејство и 13-годишната граѓанска војна. Ал-Шара вели дека HTS ќе биде распуштен на конференцијата за национален дијалог.
Во врска со надворешните врски, ал-Шара рече дека Сирија споделува стратешки интереси со Русија. Русија има воени бази во Сирија, беше близок сојузник на ал-Асад за време на долгата граѓанска војна и му даде азил на ал-Асад. Ал-Шара претходно овој месец рече дека односите на Сирија со Русија треба да служат на заеднички интереси.
Шара додаде дека се надева оти администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ги укине санкциите воведени за Сирија. Високи американски дипломати кои го посетија Дамаск овој месец рекоа дека Шара постапува прагматично и дека Вашингтон одлучил да ја отстрани наградата од 10 милиони долари за главата на лидерот на HTS, која имаше поддршка во своето напредување кон Дамаск од протурските милиции во Сирија и турската војска на теренот.
Слични новости
ЕК инвестира стотици милијарди евра во одбраната
Европската комисија во средата претстави одбранбен пакет вреден стотици милијарди евра кој треба да одговори на итните потреби на Украина и на долгорочната потреба за зајакнување на безбедноста и одбраната на земјите од Европската унија
Трамп по телфонскиот разговор со Зеленски: „На добар пат сме“
Русија и Украина се обвинија меѓусебно во средата за прекршување на договорот за прекин на нападите врз енергетска инфраструктура, неколку часа откако на тоа се согласија рускиот и американскиот претседател кој исто така разговараа со украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата и извести за одреден напредок
Во новите израелски воени напади убиени 20 луѓе во Газа
Израелската војска уби најмалку 20 Палестинци во воздушните напади во Газа во средата, соопштија медицинските лица, и продолжила со бомбардирањето, издавајќи наредби на жителите да се евакуираат од борбените зони