Синоќешниот земјотрес од 4,6 степени според Рихтеровата скала со епицентар во Косово, кој беше почувствуван во Тетово и Скопје не треба да вознемирува, бидејќи причината за тоа е што расте Шар планина, посочува географот Ивица Милевски.  

„Ништо страшно, немирната Шар Планина, уште се извишува, макар можеби само за десетина милиметри (одеднаш, што и не е малку). Нека си тера таа како што тера со милиони години, малку по малку, а ние може да си одмориме“, напиша Милевски.

Два дена претходно имаше уште еден земјотррес од истото епицентрално подрачје , но со помала силина од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

 

Слични новости

Макпетрол: Намалувањето на цената од страна на ОКТА не е доволно

Макпетрол: Намалувањето на цената од страна на ОКТА не е доволно

Од нафтената компанија „Макпетрол“ сметаат дека намалувањето на цените од 2,5 денари (со ДДВ) за литар на нафтените деривати од страна на ОКТА не е доволно и не го решава проблемот кој го налага моменталната ситуација.