Пресли Гербер, син на славната супермоделка Синди Крафорд и бизнисменот Ренд Гербер, почина на 27 годишна возраст, потврди неговото семејство. Пресли почина во рехабилитациски центар во Лос Анџелес, а официјалната причина за смртта не е објавена, но тој се бореше со зависности и депресија.

Пресли стана модел како неговата мајка на многу рана возраст и соработуваше со неколку познати модни куќи како „Долге и Габана“, „Кевин Клајн“ и „Москино“ и се појавувапе на големи модни ревии. Неговата помлада сестра Каја Гербер исто така имаше успешна кариера на модел и актерка.

Последните години Гербер отворено зборуваше за неговите проблеми со кои се соочуваше, вклучувајќи ја депресијата, напади на паника и зависност.

Слични новости

ВИ откри критичен пропуст: Паднаа eвропски владини сајтови

ВИ откри критичен пропуст: Паднаа eвропски владини сајтови

Владини веб-страници во Холандија, Франција, Данска и Финска беа привремено исклучени по откривањето критични безбедносни пропусти во програмскиот јазик PHP, кој се користи за функционирање на голем дел од интернетот.