Според прелиминарните резултати на Централната изборна комисија Каран освоил 50,54 насто од гласовите, а неговиот противкандидат Бранко Блануша 48,09 насто. Податоците го вклучуваат гласањето од 23 ноември, како и вчерашното гласање во Република Српска.
Милорад Додик прогласи победа на кандидатот за претседател на неговата партија Синиша Карана, по повторените избори за претседател на Република Српска.
Со повторувањето на изборите и победата на Синиша Каран, окончан е изборниот циклус започнат на 23 ноември минатата година, кога беа одржани предвремни избори за претседател на Република Српска.
Слични новости
Абу Даби е домаќин на трилатерални разговори Русија-Украина-САД
Во текот на следните два дена, руски, украински и американски преговарачи присуствуваат на првите трилатерални разговори наменети за ставање крај на војната во Украина.
