Италијанскиот тенисер Јаник Синер денеска во четвртфиналето на Австралија опен го победи Американецот Бен Шелтон со 3:0 во сетови.

Синер направи брејк уште во четвртиот гем и без проблеми го освои првиот сет со 6:3, а успеа да направи по еден брејк и во следните два сета, за убедливи 3:0.

Синер во полуфиналето ќе игра со Новак Ѓоковиќ, кој победи откако Лоренцо Музети мораше да го предаде мечот поради повреда.

Во второто полуфинале играат првиот носител Карлос Алкараз и третиот носител Александар Зверев.

Слични новости

Оклахома ги декласираше Лејкерс и ги одведе на четвртата позиција на Западот

Оклахома ги декласираше Лејкерс и ги одведе на четвртата позиција на Западот

Со оваа победа Оклахома е сигурно прва со предност на домашен терен, а во полуфиналето на плеј офот би играла токму против Лејкерс, додека ги остава силните Денвер и Сан Антонио меѓусебно да се елиминираат во полуфиналето на Западот.