Италијанскиот тенисер Јаник Синер денеска во четвртфиналето на Австралија опен го победи Американецот Бен Шелтон со 3:0 во сетови.

Синер направи брејк уште во четвртиот гем и без проблеми го освои првиот сет со 6:3, а успеа да направи по еден брејк и во следните два сета, за убедливи 3:0.

Синер во полуфиналето ќе игра со Новак Ѓоковиќ, кој победи откако Лоренцо Музети мораше да го предаде мечот поради повреда.

Во второто полуфинале играат првиот носител Карлос Алкараз и третиот носител Александар Зверев.

Слични новости

Јанис Адетокумбо го напушта Милвоки

Јанис Адетокумбо го напушта Милвоки

Адетокумбо има голем број на понуди, а од Милвоки изразиле спремност да го трејдуваат до 5-ти февруари, кога истекува рокот на трејд во НБА лигата.

Тажен крај на кариерата на Пол Погба

Тажен крај на кариерата на Пол Погба

Газета дело спорт пишува дека Монако планира да ја раскине соработката со Погба, кој е далеку од потребното ниво. Од враќањето во Монако забележа само три настапи и мина на теренот само 30 минути.