Италијанецот Јаник Синер го победи Александар Зверев со 2:0, по сетови 6:4 и 6:3 во меч од второто коло на групата Бјерн Борг на завршниот турнир во Торино.

Синер со оваа победа обезбеди полуфинале на завршниот мастерс пред последното коло во групата. Италијанецот направи по еден брејк во двата сета што му беше доволно за победата.

Во следното коло мечот на Синер против Американецот Бен Шелтон нема да има натпреварувачко значење, а Зверв и Оже-Алијасим во директен дуел ќе го решат вториот учесник во полуфиналето од група Бјерн Борг.

Слични новости

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа