Во финалето на Австралија опен, првиот Грен-слем турнир во годината, ќе настапат двајца од најдобрите светски тенисери, бранителот на титулата Италијанецот Јаник Синер и Германецот Александер Зверев.
Светскиот рекет број еден Синер го победи Американецот Бен Шелтон во полуфиналето со 7:6(2), 6:2, 6:2 за нешто повеќе од два ипол часа игра.
Пред Синер, Зверев стигна до финалето а за тоа му требаше само еден сет. Вториот светски рекет Зверев го доби тајбрејкот во првиот сет против Ѓоковиќ, кој потоа се повлече поради повреда на мускулот на ногата.
Синер на тој начин ќе има можност да ја одбрани титулата во Мелбурн, каде минатата година го освои првиот Грен слем трофеј во кариерата. Потоа во 2024 година беше најдобар на УС Опен.
Зверев во кариерата сѐ уште ја чека првата титула на еден од четирите Грен слем турнири. Двапати играше во финалето и двата пати загуби, во 2020 година на УС Опен од Австриецот Доминик Тием, додека минатата година беше поразен на Ролан Гарос од Шпанецот Карлос Алкараз
Шелтон можеше многу покомплицирано да го направи полуфиналниот натпревар против Синер. Тој водеше со 2-0 на стартот од мечот, но Синер се врати. Сепак, при 5-5 Американката доби нов брејк и потоа сервираше за 1-0 во сетови. Тој не можеше да го издржи притисокот на Синер, кој се врати од сет, доминираше во тај-брејкот и потоа поведе со 4-0 во вториот сет.
Во третиот сет, Шелтон се задржа на 2-2 кога 23-годишниот Италијанец повторно направи брејк и го отвори патот до победата што беше зачинето со серија од пет винери. Со пласманот во полуфиналето, Шелтон, кој е една година помлад, го изедначи својот претходен најдобар резултат на Гренд слем турнирите Тој се појави и во полуфиналето на УС Опен.
Пред машкото финале на Австралија опен во сабота, следува и женското финале, а Белорусинката Арина Сабаленка ќе игра против Американката Медисон Киз.
Слични новости
Манчестер Сити – Реал Мадрид во шеснаестинафиналето на Лигата на шампионите
Фудбалската Лига на шампиони влегува во нокаут фазата, а денес во седиштето на УЕФА во Нион беше организирана жрепката за првата нокаут рунда односно 1/16 финалето
Тотенхем му нуди на Баерн 60 милиони евра за 19-годишниот Матис Тел
Лондонски Тотенхем му понудил на Баерн 60 милиони евра за 19-годишниот француски напаѓач Матис Тел, објавија во петокот британските медиуми
НБА: Избрани играчи за Ол-стар натпреварот
Главните тренери на НБА избраа седум играчи од секоја конференција како резерви за овогодинешниот „Ол-стар“ натпревар што ќе се одигра на 16. февруари во Сан Франциско