Италијанскиот тенисер Јаник Синер стана победник на егзибицискиот турнир „Six Kings Slam” во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, втора година по ред, победувајќи го Шпанецот Карлос Алкараз во финалниот натпревар со 6-2, 6-4 за 72 минути.
Синер заработи шест милиони американски долари за својот нов триумф на овој турнир, исто како и минатата година, кога му беа потребни три сета (6-7, 6-3, 6-3) за да го победи Алкараз во финалето.
Во новата финална пресметка, Алкараз не беше во можност вистински да одговори на одличната игра на противникот. Италијанецот доминираше на теренот од првиот гем. Во првиот сет, двапати го одзема сервисот на Алкараз, а тоа го направи уште еднаш во седмиот гем од вториот сет, што му беше доволно за победа, бидејќи Шпанецот никогаш не доби шанса за „брејк“.
Пред финалето, се играше натпревар за третото место. Го доби Тејлор Фриц откако Новак Ѓоковиќ му го предаде мечот на крајот од првиот сет. Американецот го доби првиот дел од мечот во тај-брејк (7-4) по 75 минути игра. Ѓоковиќ имаше видливи проблеми со дишењето и реши да го прекине мечот во тој момент.
Во средата во Ријад започна второто издание на Слемот на седумте кралеви, тениска егзибиција со награден фонд од 13,5 милиони долари, при што секој од шесте учесници, покрај споменатите четворица претходно беа елиминирани Германецот Александер Зверев и Гркот Стефанос Циципас, ќе добие по 1,5 милиони долари, а победникот дополнителни 4,5 милиони евра.
Слични новости
НБА: Розиер се изјасни за невин по обвиненијата за спортско обложување
Играчот на Мајами Хит, Тери Розиер, кој е обвинет за федерална измама со електронски средства и перење пари, како и за неговата улога во нелегална шема за спортско коцкање, се изјасни за невин пред федералниот суд во Њујорк
Победи на Спарс, Пејсерс и Санс
Синоќа се одиграа три натпревара во НБА лигата, во кои победија Сан Антонио Спарс, Индијана Пејсерс и Финикс Санс
На мундијалот задолжителна триминутна пауза во секое полувреме „за хидратација“
ФИФА објави дека сите натпревари на Светското првенство следната година ќе имаат триминутна пауза во средината на секое полувреме за играчите да се хидрираат, без оглед на временските услови


