Доколку не се постигне договор со Влада, не се исклучуваат и понатамошни протести, штрајкови и тужби, изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, на денешниот протест пред Министерството за финансии.

Тој рече дека во изминатите денови, вработените покажале дека и на минусни температури можат да излезат на протести за да ги остварат своите права. Деаноски истакна дека овие денови се изначитале декларативни соопштенија од страна на Владата, преку кои Владата ги канела на средби преку медиумите, а тие формално не добиле никаква покана за продолжување на дијалогот.

„Бидејќи дијалог не се води преку соопштенија и преку медиумите, Синдикатот на УПОЗ денес поднесе формално барање за средба со претседателот на Владата на Р. Македонија. Бараме повторно продолжување на дијалогот што еднострано беше прекинат од страна на Министерството за финансии, со одбивање на предложените колективни договори за додатокот на плата, за овие вработени кои се тука со нас“, појасни тој.

 

Деаноски додаде дека вработените очекуваат Владата да покаже разбирање и да ја прифати оваа подадена рака од Синдикатот на УПОЗ, за изнаоѓање на решение за нивните барања.

„Во спротивно ќе бидеме приморани повторно да ги активираме протестите, како и да ги искористиме сите со закон дадени можности, за изразување на незадоволството на работниците, до остварување на барањата“, подвлече Деаноски.

Зоран Георгиевски, вработен во Министерство за правда, член на синдикатот, рече дека заслужуваат достоинствени услови за живот. А тоа, истакна тој, не може да се постигне со плати кои не го следат растот на животниот стандард.

„Ние бараме еднаков третман за сите. Секој вработен, без разлика на функцијата или местото на работа, има право на исто зголемување и исто признание за својот труд. Бараме зголемување на платите за најмалку 30 проценти, што е минималното што може да се направи, за да се овозможи работниците да го задржат своето достоинство и да обезбедат основни потреби за своите семејства“, нагласи Георгиевски.

Притоа подвлече дека не прифаќаат дискриминација и ќе продолжат да се борат за праведно зголемување на платите за сите.

„Бараме вистинска и праведна распределба на ресурсите, што ќе им овозможи на сите работници да живеат со достоинство. Нема да се откажеме додека не го добиеме она што го заслужуваме. Секој работник заслужува да биде вреднуван и наградуван за својот труд“, рече тој.

globe

Слични новости

Бубевски: Проширена постапката и за родителите на обвинетиот што ја прегази Фросина

Бубевски: Проширена постапката и за родителите на обвинетиот што ја прегази Фросина

Јавниот обвинител Гаврил Бубевски, во гостување на телевизија Телма, за случајот со трагично загинатата Фросина Кулакова посочи дека постапката е проширена и против родителите на обвинетиот Васил Јованов

Мицкоски за случајот со Фросина: Работите треба системски да се решаваат, ова што се случи е резултат на ад хок решенија

Мицкоски за случајот со Фросина: Работите треба системски да се решаваат, ова што се случи е резултат на ад хок решенија

Премиерот Христијан Мицкоски на владина прес-конференција во вторникот посочи дека одредени структури за да ја зајакнат својата политичка моќ кадровски интервенирале во рамки на обвинителството и судството во трагедијата од минатата седмица на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, каде што животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова

Муртезани на средбите во ЕП доби поддршка за европската перспектива на Македонија

Муртезани на средбите во ЕП доби поддршка за европската перспектива на Македонија

Силната поддршка од Европскиот парламент за европерспективата на Македонија беше потврдена на денешните средби во Брисел на министерот за европски прашања Орхан Муртезани со европратениците Тајс Ројтен и Матеј Тонин, кои се известители на ЕП во сенка за земјава