Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев, во средата во Дојран присуствуваше на средбата по повод ден претходно одржаната симулациска вежба за прекугранична контролирана испорака, што во организација на мисијата на ОБСЕ во нашата земја беше реализирана од страна на македонските и на грчките полициски служби.

Симулациската вежба во која од македонска страна учествуваа полициски службеници од повеќе организациони единици при Министерството за внатрешни работи, примарно беше насочена кон надградба на оперативните механизми и протоколи за операции во рамки на граничната соработка, како и детектирање на областите за подобрување на интероперабилноста, споделувањето разузнавачки информации и друго.
Директорот Јанев го поздрави одржувањето на вежбата, констатирајќи дека меѓуграничната соработка на полициските служби на двете држави е важна како за натамошно подобрување на билатералната соработка, така и во поглед на градењето на заеднички европски систем во сферата на интегрираното гранично управување.
Слични новости
Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми
Собранието попладнево во рамки на 40. седница изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска и Селим Адеми, а претходно и на Весна Дамева.
Изгласана интерпелацијата за Весна Дамева
Со 77 гласа Собранието во вторникот изгласа недоверба на Весна Дамева, член на Судски Совет. Според заклучокот, Дамева имала значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и судиите и придонела за падот на довербта на граѓаните кон судствот
Уапсени 11 лица за сомнителни набавки на деривати
Полицијата вчера извршила претреси на повеќе локации во Скопје, Битола и Кичево, кај правни и физички лица, во врска со сомнителните набавки на деривати.