Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев, во средата во Дојран присуствуваше на средбата по повод ден претходно одржаната симулациска вежба за прекугранична контролирана испорака, што во организација на мисијата на ОБСЕ во нашата земја беше реализирана од страна на македонските и на грчките полициски служби.

Симулациската вежба во која од македонска страна учествуваа полициски службеници од повеќе организациони единици при Министерството за внатрешни работи, примарно беше насочена кон надградба на оперативните механизми и протоколи за операции во рамки на граничната соработка, како и детектирање на областите за подобрување на интероперабилноста, споделувањето разузнавачки информации и друго.
Директорот Јанев го поздрави одржувањето на вежбата, констатирајќи дека меѓуграничната соработка на полициските служби на двете држави е важна како за натамошно подобрување на билатералната соработка, така и во поглед на градењето на заеднички европски систем во сферата на интегрираното гранично управување.
Слични новости
Објавен огласот за прием на 300 професионални војници за служба во АРМ
Министерството за одбрана на Република Македонија објави оглас за прием на 300 за прием на 300 професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија
Антикорупциска отвори предмет за случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-Во текот на вчерашниот ден по објавите во медиумите, Антикорупциска комисија оформи предмет по сопствена иницијатива и ќе постапува да се утврди дали има судир на интереси, изјавија кусо од ДКСК за МИА.
Притвор за Капушевски и уште две лица, а за Јаховски куќен притвор
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки притвор и мерки за обезбедување присуство против 13 лица, поврзани со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, а кои дел беа спроведени во судот во вторникот попладнето донел решенија