Не може да се говори за ослободувањето на татковината и за државноста без да се оддаде почит на генерациите кои ги поставиле темелите на македонската држава, порача претседателката Силјановска Давкова во честитката за 23 октомври.
Таа истакнува дека партизаните и нивните потомци со право се повикуваат на Илинденското востание и на комитите, нагласувајќи дека саможртвата на оние кои се бореле за национална држава не смее да биде занемарена.
Партизаните и ние, нивните потомци, не случајно се повикуваме на Илинденското востание и на комититите. Впрочем, не можеме да говориме за ослободувањето на татковината, а да ја премолчиме или да ја занемариме саможртвата на оние што со натчовечки напор се обиделе, но не успеале да го остварат сонот за национална држава.
Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели и ги вградиле животите во нив, наведува Сиљановска-Давкова, додавајќи дека разбирањето на сегашноста е невозможно без познавање и почитување на идеалите и историските чекори преку кои се формирала македонската национална самосвест.
Според Сиљановска-Давкова, чествувањето на делото на револуционерите има смисла само доколку се негуваат вредностите за кои тие се бореле, а нивните идеали се преточуваат во праведност, солидарност и посветеност на општото добро.
Државата, посочува Сиљановска-Давкова, повторно е пред историски испит и сегашните генерации имаат обврска да го продолжат стремежот на претходниците за просперитетна македонска држава.
Слични новости
Најава за протест на професионалните војници
Независниот синдикат на професионални војници упати остри критики кон министерот за одбрана Владо Мисајловски и најави протест пред Владата на 7 ноември.
И ЛДП побара одговорност од владата за бегството на Ива Михајлова
Од партијата прашуваат каде е премиерот Христијан Мицкоски и зошто нема реакција на, како што наведуваат, сериозните слабости во функционирањето на институциите.
Продолжува судењето за „Пулс“ – одбраната изведува докази
На претходното рочиште, Обвинителството вкрстено го испрашуваше вештакот Петре Русески, кој остана на ставот дека објектот не претрпел реконструкција или пренамена, туку само ентериерно уредување.


