Швајцарскиот франк денеска порасна во однос на американскиот долар и сега е на ниво кој не е забележан повеќе од 10 години, што дополнително ги компликува позициите на Швајцарската народна банка и отвара дилеми за монетарната политика.

Франкот од почетокот на годината порасна за повеќе од 3 насто, откако во 2025 забележа раст од околу 14 насто во однос  на американскиот долар.

Аналаитичарите предуперуваат дека силниот франк ги засилува дефлаторните притисоци во Швајцарија, каде што годишната инфлација изнесува само 0,1 насто, а експертите прогнозираат дека валутата и натаму ќе зајакнува.

Слични новости

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата денеска падна на помалку од 100 долари за барел, а европските индекси бележат силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска би можела да ги заврши акциите во Иран во рок од две до три недели.