Силен земјотрес ја погоди во петокот југоисточна Азија, урнувајќи облакодер во изградба во тајландската престолнина Бангкок и згради во вториот по големина град во соседниот Мјанмар.
Најмалку три лица загинаа, а десетици работници се спасени од под урнатините на облакодер, соопшти тајландскиот Институт за итна медицина. Агенциите објавија дека биле затрупани околу 40 работници.
Сведоците во Бангкок рекоа дека луѓето во паника трчале на улиците, многумина од нив гости на хотелот во бањарки и костими за капење, додека водата се излевала од монтажниот базен на врвот на луксузниот хотел.

Геолошкиот институт на САД (USGS) објави дека земјотресот, кој се случил за време на ручек на длабочина од 10 километри, бил со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала. Имало и силни последователни потреси, Епицентарот бил на околу 17,2 километри од градот Мандалај во Мјанмар, каде живеат околу 1,5 милиони луѓе.
Властите на Мјанмар не објавија веднаш информации за штетите.
Претставник на противпожарната служба во Мјанмар изјави за Reuters: „Почнавме потрага и се движиме низ Јангон за да провериме дали има жртви и штети. Сè уште немаме информации“.
Објавите на социјалните мрежи од Мандалеј, древниот кралски главен град на Мјанмар, покажуваат урнати згради и остатоци на улиците на градот.
„Сите истрчавме од куќата кога сè почна да се тресе. Видов зграда на пет ката како се урива пред моите очи. Сите во мојот град се на пат и никој не се осмелува да се врати во зградите“, вели за Reuters eден очевидец од градот. .
Друг сведок од градот Хтет Наинг О, изјавил за агенцијата дека се урнала чајџилница, заробувајќи неколку луѓе внатре. „Не можевме да влеземе. Ситуацијата е многу лоша“, додал.
Трет очевидец изјавил дека џамијата во градот е сериозно оштетена.
Очевидци контактирани во Јангон изјавија дека многу луѓе истрчале од зградите во најголемиот град во Мјанмар.
Кинеската новинска агенција Xinhua јави дека силни потреси се почувствувани во југозападната кинеска провинција Јунан, која граничи со Мјанмар, но дека нема жртви.
Облакодер во центарот на Бангкок се нишал најмалку две минути, а вратите и прозорците силно крцкале, велат очевидци. Стотици вработени побегнале преку пожарните скали, додека некои се стаписале во паника. Се слушале силни вресоци додека зградата продолжила да се ниша. Стотици луѓе се собраа надвор, а вработените најдоа столчиња за постарите и граѓаните во шок.

Слични новости
Премиерот на Гренланд порача дека САД нема да го преземат островот
Соединетите држави нема да го преземат Гренланд, објави премиерот Јенс-Фредерик Нилсен во објава на Faceebok како одговор на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп
Трамп се закани со „бомбардирање“ на Иран доколку не се постигне нуклеарен договор
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата му се закани на Иран со бомбардирање и секундарни царини доколку Техеран не постигне договор со Вашингтон за неговата нуклеарна програма
Трамп најави секундарни царини за руската нафта доколку не дојде до договор за Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека ќе воведе секундарни царини во износ од 25 до 50 отсто на целата руска нафта доколку почувствува дека Москва ги кочи неговите напори за завршување на војната во Украина