Земјотрес со јачина од 5,1 степен беше регистриран кусо пред 10 часот утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, а неколку минути претходно имаше помал земјотрес од 4,2 степени, додека во текот на ноќта беа регистрирани два нови потреси од 4,2 и 4,5 степени според Рихтер.
Најсилниот земјотрес во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос беше регистриран минатиот понеделник и беше со јачина од 5,3 степени според Рихтер.
Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, односно од 26 јануари заклучно со 14 февруари, биле регистрирани над 19.200 земјотреси, од кои над 16.900 биле посилни од 1 степен.

Поради сеизмичка активност, училиштата на островите Санторини, Иос, Аморгос и Анафи ќе бидат затворени и оваа седмица, трета по ред.
Надлежните комисии за процена на сеизмичка опасност и за мониторинг на вулканската активност при Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција вчера одржаа состанок за да ја оценат ситуацијата, а членовите едногласно заклучиле дека тековната сеизмичка активност се должи на подморски раседи со североисточен и југозападен правец и дека сеизмичката активност во калдерата останува на истите нивоа, додека зголемена деформација на тлото е забележана во поширокото подрачје на Санторини и постојано се следи.
Дополнително ги повторија и препораките до граѓаните, односно да избегнуваат големи собири во внатрешноста на објектите; да избегнуваат пристап во напуштени објекти; да избегнуваат пристап и престој во пристаништа Амуди, Армени, Крфос и старото пристаниште во Фира; да ги отстранат опасните непотребни предмети на објектите и да ја испразнат водата од базените; да изберат безбедни рути при движењето по градската и локалната патна мрежа, особено на места каде што има опасност од појава на одрони и итно да се евакуираат крајбрежните области во случај на силен земјотрес.
Нов состанок, комисиите ќе одржат в среда попладне.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговиот традиционален седмичен преглед на Facebook, за земјотресите напиша дека според научниците станува збор за појава без преседан, со флуктуации во динамиката, што сè уште не дозволува безбедна процена на неговиот развој.
Слични новости
Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите остануваат затворени уште една седмица
Поради сеизмичка активност во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, училиштата на четири грчки острови ќе останат затворени уште една седмица, одлучија членовите на надлежните комисии
Албанците се рангирани по Грузијците за принудно враќање од земјите на ЕУ во 2024 година
Албанските граѓани се рангирани на второто место по Грузијците по бројот на принудни враќања од некоја од земјите на Европската унија во текот на 2024 година.
Црногорските студенти упатија барања до премиерот на јапонски јазик
Црногорските студенти, кои бараат смени на највисоките безбедносни функционери по смртта на тринаесет лица во масовното пукање во Цетиње, ги испратија своите барања до премиерот на јапонски