Цените на нафтата надминаа 73 долари на меѓународните пазари во вторникот, откако водечките производители сигнализираа дека може да го одложат зголемувањето на понудата до крајот на март.
На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше повисока за 1,45 долари од вчерашното затворање на трговијата и изнесуваше 73,32 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше за 1,54 долари поскапо, по 69,64 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно објави дека во понеделникот цената на барелот од референтната нафтена кошница на нејзините членки паднала за 51 цент на 71,94 долари.
Кон крајот на вчерашното тргување, вниманието на пазарот го привлекоа сигналите на OPEC и нејзините сојузници големи независни производители предводени од Русија позанти како OPEC+ дека би можеле уште еднаш да го одложат планираното зголемување на понудата. Групацијата OPEC+ најверојатно доброволно ќе го ограничи снабдувањето до крајот на првиот квартал од следната година, изјавиле во понеделникот четири извори за Reuters.
Според првичниот план, групацијата требаше да започне со зголемување на понудата во октомври, а последователно да го помести рокот за почетокот на декември, а потоа и на почетокот на следната година.
И OPEC и Меѓународната агенција за енергија (IEA) прогнозираат послаба побарувачка од Кина, бидејќи економската активност забавува и тешките камиони се префрлаат на почисти горива. IEA неодамна пресмета дека понудата во следната година треба да ја надмине побарувачката за милион барели дневно.
Сигналите од група водечки производители го следеа разгорувањето на конфликтот на Блискиот исток. Израелските сили продолжуваат да го напаѓаат Либан, тврдејќи дека движењето Хезболах го прекршува договорот и дека нејзините борци не се повлекле длабоко на либанска територија, северно од реката Литани, а шиитската вооужена групација го обвини Израел за наруѓување на прекинот на огнот.
„Ако повторно влеземе во војна, ќе бидеме решени, ќе навлеземе уште подлабоко (на територијата на Либан) и што е најважно, тие мора да знаат дека државата Либан повеќе нема да биде изземена (од воени операции)“, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац.
Хезболах отвори оган врз позиција на израелската армија во понеделникот, а либанските власти објавија дека во израелските воздушни напади врз Либан загинале најмалку дванаесет лица.
Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах стапи на сила на 27 ноември. Израел не смее да спроведува офанзивни воени операции во Либан, а Бејрут мора да се погрижи Хезболах да не го нападне Израел. Тел Авив доби и 60 дена да ги повлече своите трупи од јужен Либан.
Цените на нафтата се поддржани и од очекувањата дека Саудиска Арабија ќе ги намали продажните цени на нафтата за азиските купувачи на најниско ниво во последните четири години, изјавија трговците во понеделникот.
Слични новости
Доларот ослабе, цените на нафтата растат
На валутните пазари во раното претпладневно тргување во средата вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо падна
Нови рекорди на Волстрит
На њујоршки Волстрит, индексот S&P 500 достигна ново рекордно високо ниво во вторникот, како и индексот Nasdaq, тргувајќи мирно додека инвеститорите очекуваа нови вести кои би можеле да го насочат пазарот
Во мобилната телефонија има 1.919.695 претплатници, а 449.868 фиксни линии
Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во државава заклучно со вториот квартал годинава изнесува 1 919 695, од кои од резиденцијалните 679 245 се при-пеид претплатници, а 992 157 пост-пеид. Бројот на деловни пост-пеид претплатници изнесува 248 293