Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека наредил масивен напад врз Украина за време на мировните преговори меѓу Русија и УКраина во Абу Даби на кои Американците ја имаат улогата на посредник.

„Овој варварски напад уште една покажува дека местото на Путин не е во Одборот за мир, туку на обвинителна клупа на специјалниот трибунал“, напиша Сибиха на платформата Икс.

Официјален Киев предупреди дека руските ракети не го погодија само украинскиот народ, туку и преговарачката маса.

 

Слични новости