Според најновите проценки на Светската здравствена организација,  опасноста од хантавирус за европската јавност е ниска, изјави денеска портпаролот на Европската комисија.

Тој додаде дека Комисијата работи на усогласување на европскиот одговор заснован врз научни сознанија. Портпаролот посочи дека вчера биле реализирани четири летови преку Европскиот механизам за цивилна заштита, поврзани со епидемијата на бродот „Хондиус“.

Како што претходно објавија медиумите, сите патници на бродот се третираат како високоризични контактни лица, што претставува мерка на претпазливост на Европската агенција за јавно здравје.

Слични новости

Трамп го повика Иран „да се опамети“

Трамп го повика Иран „да се опамети“

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран нема да може да постигне договор со САД доколку во него не биде опфатено и прашањето на нуклеарната програма.