Пораки дека решение за високите цени треба да се бара низ дијалог меѓу производителiте и продавачите и да се почитува Законот за нефер трговски практики, беа упатени во тек на бојкотот на големите ланци маркети што се одржа вчера првпат во државава по постојаното поскапување на основните прехранбени производи.
Повикот за бојкот ги остави речиси празни најголемиот дел од маркетите, а намалено беше и пазарењето во помалите продавници и на пазарите. За износот на намалениот промет се очекуваат информации од Управата за јавни приходи.
Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески го поддржува бојкотот, но нагласува дека единствен начин за решавање на проблемот со високите цени е дијалогот меѓу производителите и продавачите.
Како заштитник на компаниите, дијалогот е излез од оваа ситуација, проблемот меѓу производителите и продавачите не е од сега, туку од поодамна, а може да се реши само со разговор.
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека има економски оператори кои ја злоупотребуваат положбата на пазарот. Мора да признаам дека има некои економски оператори кои ја злоупотребуваат својата положба на пазарот.
За мене, пред се како граѓанин, е нелогично исти производи во маркетите кај нас да бидат со исти или повисоки цени од маркетите во соседството или исти лекови кај нас да се два до три пати поскапи или бела техника, не може кај нас да биде до 50 отсто поскапо. Како човек е логично да изразам разбирање за постапката на граѓаните, но и како премиер, порача Мицкоски.
Слични новости
Во еден ден во вонредна контрола одземени 70 мобилни телефони од затвореници во затворот „Скопје“, за 100 полициски службеници се водат дисциплински постапки
Суспендиран е затворскиот полицаец којшто го пренел телефонот до Васил Јованов во притворското одделение во Шутка, но истрагата нема да заврши тука, уверува директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов во интервју за вечерашната „Топ тема“ на телевизијата Телма
Во петок јавна расправа за законски измени за безбедноста во сообраќајот во Собранието
Членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците со 11 гласа „за“ денеска изгласаа одлука во петок во Собранието да се одржи јавна расправа на тема „Анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот
Обвинителството тврди дека Палевски го вози „реното“ на денот на грабнувањето на девојчето, одбраната, пак, дека на видеата се гледаат силуети и бара ДНК анализа
Обвинителство на денешното рочиште за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и пензинерот Панче Жежовски презентираше видео записи од камерите на системот за надзор на сообраќакот „Сејф сити“ на кои тврди дека се гледа дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо го вози аавтомобилот „рено кангу“ на денот на грабнувањето на осмоодделенката, а одбраната на Палевски вели дека се гледаат силуети и бара ДНК анализа